Методологија
Како пресметуваме
Основа
Marketing Budget Planner користи структурирана логика која поаѓа од главната маркетинг цел на компанијата. За секоја цел имаме дефинирана базна распределба низ 9 категории на трошок: стратегија и планирање, креативна продукција, дигитално огласување, содржина за социјални мрежи, PR и медиуми, настани, веб-страна и дигитални средства, истражување и мерење, и резерва за непредвидени трошоци.
Приспособувања
- Кога се избираат повеќе цели, се калкулира просек на нивните базни распределби.
- Избраните канали ги зајакнуваат поврзаните категории; неизбраните се редуцираат.
- Итност и фаза на бизнис го поместуваат тежиштето (пр. ланс = повеќе креатива и веб).
- Внатрешен капацитет влијае на потребата од стратегиска и креативна поддршка.
- Ако буџетот е мал, планот се стеснува на помалку канали.
- Секогаш се задржува резерва од 5-10%.
Резултат
Резултатот содржи распределба (износ и процент по категорија), стратешка препорака, препорачан микс на канали, 30-дневен акциски план и типични ризици кои треба да ги имате предвид.
Ограничувања
Оваа алатка обезбедува индикативен маркетинг буџет план врз основа на општа маркетинг логика. Наменета е за едукативни и плански цели. Не претставува финансиски совет, деловен совет или гаранција за маркетинг резултати. За детално планирање, консултирајте маркетинг професионалец кој ги познава спецификите на вашата индустрија и пазар.
